7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ДЕНЕШНИОТ ДЕН ПРИЛЕПЧАНИ ГО ЧЕКАА 5 ГОДИНИ – СЕ ОТВОРА СТАДИОНОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ„ СО ПОБЕДА-ВАРДАР

Денеска во 18 часот најлутите македонски ривали, некогашни шампиони, а сегашни второлигаши – прилепска Победа и скопски Вардар, ќе го одиграат најзначајниот пријателски меч. Најзначаен е затоа што со него се отвора реновираниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Ова прилепските фудбалски љубители го чекаа повеќе од 5 години, по второлигашкиот меч Победа – Велазерими 2:0, одигран на 14 мај 2016 година.

Вреди да се ужива во следење на фудбалот на градскиот стадион ,но и да се видат сегашните засилени состави на двете екипи, кои најавуваат атак кон првите второлигашки места, за враќање во Првата лига.

Од прилепскиот клуб објавија дека влезот е слободен, па се очекува сите места да се исполнат на покриената северна трибина.

Би можело да ве интересира

Македонски фудбал: Фудбалските брендови се се подалеку од најдобрите натпреварувања во земјава

Никола Димески

Горан Кузманоски-Таста се враќа во Прилеп како тренер на РК „Прилеп“

Елизабета Филипоска

Кога ќе се одржи жребувањето за Светиниколскиот турнир во мал фудбал?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе