16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Повеќе полицајци повредени во сообраќајна несреќа кај „Бегова Ливада“

На 3.4.2023, во 18 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на местото наречено „Бегова Ливада„, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со шведски национални ознаки, управувано од Р. Т. (45) од Прилеп, и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата тешки телесни повреди добил Р. Т., а телесни повреди добиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Приведена прилепчанка барана со потерница

Пела Редакција

Автомобил прегазил велосипедист

Гордана Цветаноска

СВР Битола: физичка пресметка, нарушување на јавниот ред и мир, физички напад во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе