26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Полициски 24 маратон против безумната брзина – акција низ целата земја

Од вечерва на полноќ,  15 април, од 00:00 часот до 16 април до 00:00 часот ПОЛИЦИЈАТА ќе се реализира 24-часовен „Маратон на брзина“, при што на територијата на целата држава ќе се вршат континуирани контроли на брзината на движење.

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека пребрзото возење останува една од главните причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, поради што е неопходно постојано делување. Со проектот „Безбеден град“ и редовните сообраќајни контроли се работи на подигање на свеста за опасностите од брзото возење, поттикнување на долгорочни промени во однесувањето на возачите и намалување на бројот на несреќи.

Надлежните нагласуваат дека примарната цел не е казнување, туку обезбедување сообраќај во кој се почитуваат ограничувањата и се штитат човечките животи.

ROADPOL „Speed Marathon“ претставува координирана акција на европските сообраќајни полиции што истовремено се спроведува на патиштата низ Европа.

Апелот до возачите е да ја намалат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила, со што директно придонесуваат за поголема безбедност.

Би можело да ве интересира

Нов асфалт на патот до манастирот „Св. Архангел Михаел„

Нова владина мерка: времено вработување на пожарникари, најдобрите ќе се вработат

Пела Редакција

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе