23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Промоција на новата збирка раскази „Момина солза“ од Билјана Тинтоска

Професорката по македонски јазик и литература Билјана Тинтоска на 28 април, во 18:30ч., во холот на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ќе одржи промоција на новата збирка раскази „Момина солза“. Новото шесто по ред дело на Тинтоска е  збирка од деветнаесет раскази со разна тематика, базирана на искуството и лично и општочовечко, проблеми, искушенија, препреки, но и радости со кои сите секојдневно се среќаваме и се бориме, соочувајќи се со животот.
Промоцијата е посветена на учениците матуранти кои авторката, како професор по македонски јазик и литература, ги води и ќе ги испрати во животот, со пораки кои ќе им обезбедат квалитетна иднина.

Творештвото на Билјана Тинтоска е фокусирано на хуманитарни и емотивни теми, често инспирирани од реалниот живот и нејзината работа со млади. Таа  е автор на романите „Каде што реката го бакнува небото“, „Ангел во тело“, „Синфонија“, „Овде или во вечноста“ и збирката раскази „Работилница за живот“ . Таа воедно е ментор на училишната драмска секција „Слободно театарче“, каде што со своите ученици работи на популаризација на литературата и сценската уметност.

Би можело да ве интересира

Во Банат, Србија, улица ќе биде именува по Тоше Проески

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Се укинува забраната на Плетвар за товарни возила

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе