26.7 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат овие технички средства со кои се намалува сообраќајната брзина на сметка на зголемување на безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Проектот се спроведува преку Министерството за транспорт, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка од Светска банка.

„Наш приоритет останува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со вакви конкретни инфраструктурни зафати создаваме побезбедна сообраќајна средина и услови за поквалитетно секојдневие во секоја населба во општина Прилеп,“ посочи градоначалникот Проданоски на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Натпревари, изложби, средби – 80 години ЈОУ Градска библиотека Борка Талески

Прилепските танчери патуваат на европскиот натпревар во Сараево

Детската градинка Весело штркче го прослави третиот роденден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе