28.4 C
Прилеп
петок, 10 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Андоновски: Многу е важно дијаспората да гласа, Македонија има капацитет да развие онлајн гласање

Предлогот на владеачката партија во измените на Изборниот законик вклучуваат електронско гласање на дијаспората кои би биле подготвени до 2029 година. Засега нема политичка волја иако Македонија има капацитети да и’ овозможи на дијаспората да гласа, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација при посетата во Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.  И не само тоа, според Андоновски, не е фер дијаспората која ја поддржува македонската економија со над милјарда евра годишно, денес практично да не може да го остварува уставното право бидејќи нашите иселеници гласаат исклучиво физички и треба да патуваат илјадници километри.

„Многу важно е да се дозволи на дијаспората да гласа, затоа што ова се луѓе кои што во Македонија носат над една милијарда евра годишно во дознаки, што значи дека ја поддржуваат македонската економија ги поддржуваат своите сограѓани коишто живеат тука, дел од нивните семејства, пријатели, отвараат сопствени бизниси, а имаме голема дијаспора која што има македонски пасош и живее во странство. Не е фер неостварување на уставното право и да им се дозволи да гласаат исклучиво физички, што значи да патуваат по пет или по 10 000 километри за да го остварат своето право на глас и тоа два пати. Еднаш да се регистрираат, а вториот пат да го остварат своето право на глас, рече Андоновски и објасни дека системот за електронско гласање треба да подготви.

Предлогот на ВМРО ДПМНЕ беше со измените во изборниот законик да се предвиди за 3 години  Македонија да има подготвен систем во кој што ќе им се дозволи само на регистрираните лица коишто имаат македонски пасош и живеат во странство да можат да гласаат онлајн.

„Ние имаме систем за дигитален идентитет. Тоа е порталот uslugi.gov.mk на којшто сите граѓани се регистрираат со свои лични податоци. Еднаш верификуваме дека се тие со нивна лична карта или со нивни пасош. Така што веќе ги знаеме податоците за граѓаните. Не е никаков проблем да се доразвие системот во соработка со Државната изборна комисија за да се постигне условот и да се овозможи правото на граѓаните да го остварат своето избирачко право и да гласаат, рече Андоновски, нагласувајќи дека не е фер иселениците кои имааат македонски пасоши да не го остваруваат правото на глас.

Две држави во Европската Унија веќе го имплементираат целосно системот за онлајн гласање, а според Андоновски четири држави во Европската унија тестираат, пилотираат решенија. „Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата обврска. Имаме добра патека, имаме добри чекори. Светската банка минатата година во индексот за дигитализација не вброи во групата во категоријата А. Имаме раст од 22 позиции, што значи дека сме во групата на развиени, дигитално развиени држави,“ вели Андоновски.

Тој посочи дека Македонија може повеќе во развојот на дигитализација со нови дигитални услуги, поголема употреба на вештачката интелигенција, центри за податоци, државен центар за податоци и негова заштита, поврзување на целата држава со платформата за интероперабилност.

Би можело да ве интересира

Субвенцијата од 80, се зголемува на 100 денари за кгр откупен тутун

Пела Редакција

(ВИДЕО)Земјоделците трпат огромни штети – Водостопанство нема решение за дефектот од хидросистемот

Советот на општина Прилеп ја одржа 36 тата итна седница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе