Возрасна жена од Прилеп останала без околу 700.000 денари откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјалните мрежи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прилепчанката во февруари годинава започнала комуникација со лицето, кое побарало пари под изговор дека му се потребни за лекување на неговото болно дете.
Жената поверувала во приказната и во неколку наврати му исплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека била измамена и на 14 јули го пријавила случајот во ОВР Прилеп.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

