Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и кои што можат да предизвикаат големи материјални штети, бараат од граѓаните да се придржуваат на превентивни мерки за заштита од пожарии.
Забрането е палење на стрништа ,плевели и други растителни отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште, пасишта и на земјоделски површини односно палењето на отворен оган низ полето во шумата, шумските комплески и нивна непосредна близина. Целокупната земјоделска механизација и транспортни средства кој што учествуваат во жетвата (комбањи, балирачки, трактори и товарни моторни возила) да бидат во потполна технички исправна состојба, а комбањите да бидат опремени со противпожарна опрема и средства за гаснење на пожар.
По извршувањето на жетвените работи поради постоењето на законската забрана НАЈСТРОГО е забрането палењето на стрништа.
Да се внимава при употребата на кибрит, запалка, пушењето и фрлањето на неизгасните отпушоци и догорчиња.
Сопствениците на викенд куќи кој се наоѓаат на отворен простор, низ полето, да превземат превентивни мерки, односно да направат заштитни појаси и да го отстранат вегетацискиот горлив материјал.
Со сезоната на годишни одмори и напуштањето на домовите од страна на граѓаните на подолг временски период граѓаните да вршат исклучување на сите електрични апарати и уреди од електричната инсталација со исклучок на фрижидерите.
Против сторителите не почитувачите на превентивните мерки за заштита од пожари од страна на надлежните органи ќе бидат изречени парична казна – глоба како за правни,така и за физички лица, опоменуваат од Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Прилеп, потенцирајќи дека 99% од пожарите се случуваат поради човечкото невнимание и негрижа.

