„Главните случувања во Македонија во овој период се во Прилеп од 17 до 19 јули. Имаме 15 штадови со 20 вкусови на пиво и многу угостители со вкусна прилепска скара, а на главната сцена многу звучни македонски и странски музички ѕвезди. Ги поканувам сите граѓани на Македонија да го посетат Прилеп во овие три фестифалски вечери, бидејќи покрај штадовите ќе функционира старата прилепска чаршија, во кои се наоѓа и симболот на градот, градскиот саат, кои оваа година одбележува 200 години од неговаа постоење, и многу локални дуќани и продавници за шопинг, кафитерии со специјалитети од кафе и други содржини за убави фестивалски вечери,“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на прес конференцијата која се одржа на првиот фестивалски ден, гордо соопштувајќи дека овој фестивал ќе се памети , бидејќи само за 10 часа, Прилеп добил 7 нови жители, а во двата дена 10 новороденчиња, „што е најубава вест за здравица“ рече тој на прес конференцијата

