33.5 C
Прилеп
петок, 17 јули, 2026
Пела Радио

Пронајден превртен трактор – возачот починат

Педесет и четиригодишен жител на селото Канатларци го загубил животот во тешка несреќа со трактор што се случила во атарот на селото Подмол.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 20 часот во СВР Битола. При увидот бил пронајден превртен трактор, кој претходно го управувал М.Т. (54) од селото Канатларци.

Лекар од Итната медицинска помош во Прилеп констатирал смрт на местото на несреќата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.

Би можело да ве интересира

Во полицијата се пријавил таткото наместо синот, по усмртувањето на жената велосипедист

Пела Редакција

Четири лица од Прилеп претепале татко, по караница со неговиот син

Крадец одезл пари од бензиска пумпа во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе