30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

„Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија“ изложба во Градската библиотека Прилеп

Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во петок на 31 јули, 2026 година во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата „Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија“,  која се реализира во соработка со амбасадата на Руската Федерација и Македонско-руското друштво од Прилеп.

Ова е првата поставка со фотографии – сведоштва за богатото руско културно наследство во која посебно место со фотографии има државниот академски „Бољшој театар“ – еден од најмаркантните симболи на руската култура и светски реномиран центар на оперската и балетската уметност, чија историја е нераскинливо поврзана со развојот на националната и интернационалната театарска сцена. Оваа институција годинава чествува 250 години опстој и успешно функционирање.

Дел од поставката се и фотографиите со руските научници и просветители Михаил Ломоносов и Владимир Даљ, кои имаат огромен придонес во развојот на рускиот јазик, образованието и науката, надвор од националните рамки. Втората изложба ги содржи делата од руските автори кои ги красат полиците на нашата установа. Дел од оваа поставка ќе бидат и делата кои минатата година амбасадата на Руската Федерација ги донираше на нашата установа. Со овој настан, библиотеката „Борка Талески“ ја потврдува долгогодишната плодна соработка со амбасадата на Руската федерација.

Посетителите, како што најавуваат од Македонско-руското друштво од Прилеп, ќе имаат можност да се запознаат со наследството на Александар Афанасјев, познат собирач на рускиот фолклор, благодарение на кого се зачувани единствени примери на руското народно творештво.

Би можело да ве интересира

Автомобил удрил во мопед-прилепчанка тешко повредена

ВНИМАТЕЛНО: Каде од локалните водоводи водата не е за пиење?!

Пела Редакција

(Видео) Се учат песничките за „Бадниковата поворка“ – уште има можност за пријавување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе