31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Илинденски фестивалски караван и во Прилеп

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре 29 ти јули од 21.00 ч. во рамките на Илинденскиот фестивалски караван ќе настапат Ансамблот  Балетски сабор Борикуа, од Агуадила, Порто рико и Фолклорниот ансамбл „Топлан“ од Гиралтовице, Словачка.

Ансамблот  Балетски сабор Борикуа, од Агуадила, Порто рико е основан во 2008 година како Елмурба. Цел – да го зајакне учењето на порториканскиот фолклор и неговите жанрови за ученици од сите возрасти. ELMYRBA е кратенка за игриви студии на музика и домородни танцови ритми. Во 2015 година се реорганизира како Фолклорен Балетски Сабор Борикуа. Неговата цел е да  го презентира фолклорот и традициите на земјата и на островот  во странство. Вклучува шпанско, таино и африканско наследство, кои заедно го создадоа убавиот фолклор. Во 2014 година, добива акредитација од CIOFF. Во 2015 година, започнува со  проектот Фолклорен Балетски сабор Борикуа со своите младински и возрасни групи.

Ансамблот ФА „Топлан“ од Гиралтовице, Словачка постои од 1973 година и ја негува традиционалната словачка музуика и танци. Членовите изведуваат традиционални песни и игри од  регионите Горни Шараш и Земпеш, Источна Словачка.  Во него членуваат 40 млади, кои се облечени во традиционални живописни и авентични носии. Ансамблот учествувал на бројни манифестации и меѓународни фолклорни фестивали.

Би можело да ве интересира

Коронавирусот пристигна и во Крушево -двајца заболени!

(Видео) Промоција на „Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“

Пела Редакција

Промоција на книгата „Агроеколошки принципи и можности за заштита на растенијата од болести“ од проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе