ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Могила опожарени 1 500 бали сено и слама, сопственост на градоначалничката Гулевска

626

Во периодот од 00,00 до 01,20 часот, вчера 05.08.2018 година избувнал пожар во нива, во атар на село Могила, под закуп на Ј.Г, информира МВР. Во пожарот биле опожарени околу 1500 бали со сено и слама, при што интервенирала Територијалната противпожарна единица Битола и пожарот бил локализиран.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Се работи за нива која е закупена од страна на семејството на градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Во врска со пожарот Гулевска до нашата редакција се огласи со соопштение:
“На 05.08.2018 година во 01.00 часот после полноќ од непознати сторители беше со запаливо средство подметнат пожар со што беше запалена слама во сопственост на фамилија Гулевски со што е предизвикана материјална штета. Претходно, по завршувањето на локалните избори минатата година во месец декември беше подметнат пожар во кој што изгоре општинска слама која беше наменета за производство на пелети за огрев. И двата случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи од Битола, од кои очекуваме да ги пронајдат и санкционираат сторителите“, стои меѓу другото во соопштението од градоначалничката на Општина Могила Гулевска која ги повикува граѓаните на смиреност и да се воздржат на подгревање на тензиите, за да не дојде до ескалација на ситуацијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: