ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп потрошил над 9 илјади евра за новогодишното украсување на градот

931

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2020 година.

новогдишна елка во центарот на градот

Базата на податоци открива дека Новата 2020 година украсено ја дочекаа Градот Скопје и 20 општини и за тоа се потрошени 675 илјади евра. Споредено со претходната година намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите.

украсен Булеварот

За Новогодишно и Божиќно украсување на градот за Новата  2020 Година,  Општина Прилеп потрошила 599.889 денари или 9.756 евра, а компанијата Топломонт увоз – извоз Прилеп, го извршил украсувањето на градот. Приближно иста сума за украсување на својата општина  потрошила  и градоначалничката на Општина Битола, ангажирајќи ја компанијата Зи – Мус компани и Техномак инжинеринг, за изведба на божиќното и новогодишното украсување на Битола. На листата општини од пелагониските , кои потршиле средства за новогодишно украсување се најде и Општина Новаци,

која за украсување на својата општина потрошила 2859 евра, а компанијата Винел Електрик го добила тендерот за украсување. Инаку, минатата година 27 општини платиле за новогдишните украсување  на своите општини ,  а најмалку општини,  19 -сет , во 2018 година побарале фирма за новогодишно  и божиќно украсување на своите општини

 Основа за пресметка на трошењата на општините за новогодишно украсување се податоците добиени од Електронскиот систем за јавни набавки,а база на податоци е подготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации .

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: