2.1 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (44)

Пишува Зоран Момироски

  • ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ВО  ПРИЛЕП ОД ПОЧЕТОКОТ НА НЕДЕЛАВА  ВЕЌЕ „ЧУЧНА“ ВО ДИРЕКТОРСКАТА ФОТЕЛЈА НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ. НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД  ТОА НЕКОЈ ОД  О.К. ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП СЕ ПРИСЕТИ ДЕКА АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ, ЗА ПРЕД СВОЕТО ЧЛЕНСТВО ТРЕБА ДА ДАДЕ ПОЛИТИЧКА ИЗЈАВА ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ЦАКИО, ПА МЕЃУ ДРУГОТО ИСТАКНА ДЕКА ПАЧЕШКОСКИ ОТКАКО „ГИ СРЕДИЛ РАБОТИТЕ КАКО РАКОВОДИТЕЛ НА ПЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, А СО ТОА И МАКИТЕ И ПРОБЛЕМИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ГАЗДИТЕ НА СДСМ ГО ИСПРАТИЛЕ НА МЕДЕН МЕСЕЦ  ВО УЈП, ЗА ОД ТАМУ ЕКСПРЕСНО ДА ГО ПОСТАВАТ ЗА ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. НИВНО ПРАВО Е ДА ЈА КРИТИКУВААТ ГРАДСКАТА, А СО ТОА И ГЕНЕРАЛНАТА КАДРОВСКА ПОЛИТИКА НА СДСМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕМААТ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО: ЦАКИО ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ НА МЕДЕН МЕСЕЦ  ВО УЈП ГО ИСПРАТИЈА КАКО НЕВЕСТА ИЛИ КАКО ЗЕТ?! А ТОА ПОДРАЗБИРА – НА ФУНКЦИЈАТА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ  ДОЈДЕ, КАКО ШТО ВЕЛИ ОНАА НАРОДНАТА: КАКО ИСКУБАНА КОКОШКА ИЛИ КАКО ПОПАРЕН ПЕТЕЛ?!? Е ТОА ВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ СТЕ ДОЛЖНИ И КАКО ОПОЗИЦИЈА И КАКО ВЛАСТ ВО ГРАДОВ ПРЕКУ ИЗЈАВИ  ДА ОДГОВОРИТЕ.

 

  • БЕЗ КАМЕРИ, БЕЗ ДА ЧУКНЕ ГОЛЕМАТА КАМБАНА СРЕД СЕЛО, СО СЛИКА И СООПШТЕНИЕ, ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ  СООПШТИ  ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ КОНЕЧНО ПО СКОРО ДВЕ ГОДИНИ СЕ ОДВАЖИЛ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАДОТ И ГО ПРИМИЛ ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ  МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ БЛАГОЈА БОЧВАРСКИ. ДЕКА ПОТПИШАЛЕ ДОГОВОР И ДЕКА ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ  ЦЕЛОСНО  УРЕДУВАЊЕ  И ПРОШИРУВАЊЕ НА ИЗЛЕЗОТ  ОД ПРИЛЕП КОН КРУШЕВО. И НЕ САМО ШТО ГО ПОТПИШАЛЕ ДОГОВОРОТ, ТУКУ ДВАЈЦАТА НА БРЗИНА ЗАМИНАЛЕ ДА СЕ СЛИКААТ НА МЕСТОТО ОД КАДЕ  ПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ. ПО ОВАА СРЕДБА НЕМАШЕ ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА НЕКОЈ ОД ДВАЈЦАТА Е ЛАПНАТ, БАПНАТ ИЛИ КАСНАТ. КОГА Е ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ НЕМА СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ. ОВОЈ ЗАПОЧНАТ ПРОЕКТ ОД ПРЕТХОДНИКОТ НА БОРЧЕ, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО, ОДОБРЕН ОД ТОГАШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ ГОРАН СУГАРЕСКИ, СЕГА ГО РЕАЛИЗИРА  БОЧВАРСКИ, А ЌЕ ГО ЗАВРШИ ЈОВЧЕСКИ. И ТОА НЕ Е ПРИДОБИВКА НА СДСМ ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ. ОВА Е БЕНЕФИТ  ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ГО КОРИСТАТ ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ. БЕШЕ НАЈАВУВАН УШТЕ ЕДЕН ВАКОВ ПРОЕКТ- ИЗЛЕЗОТ НА ПРИЛЕП КОН МАКЕДОНСКИ БРОД.  ДАЛИ И КОГА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА, КОЈ ЌЕ КАЖЕ – ЌЕ НЕ’ ЛАЖЕ. НО, ФАКТ Е ДЕКА  ПОД ИТНО ТРЕБА ДА УРЕДИ И РЕАЛИЗИРА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И ТОА РАСКРСНИЦАТА ДИМО НАРЕДНИКОТ ДО ИЗЛЕЗОТ НА ПРИЛЕП КОН ЛАГОВО. НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДЕЛАТ СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ, А ДА НЕ СЕ СОЗДАВААТ НАЈНОРМАЛНИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТИЕ ВЕЛОСИПЕДИ. ПОСЛЕДНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНА КАКО ВЕЛОСИПЕДИСТ 42 ГОДИШНАTA, АНЕ ЦВЕТКОСКА САМО ЈА ПОТВРДУВА ВАКВАТА ПОТРЕБА. ЗА ОВА ПОД МОТОТО „УТРЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ ТИ“  ПРОТЕСТ, НЕЗАДОВОЛСТВО И БАРАЊЕ  ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ПОЛИЦИЈАТА ИЗРАЗИЈА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПРИЛЕПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА  ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВЕЛОЧЕ.

 

  • ИГОР ГУЛАБОСКИ, ЈАС ГО ВИКАМ  ПЛАЧКОТО, КАКО ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ГИ СОБРАЛ  НОВИНАРИТЕ И ОДРЖУВА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА. ПОНЕСЕН ОД ПОТРЕБАТА ДА КАЖЕ КОЛКУ МНОГУ ПОСВЕТЕНО РАБОТИ, МИСЛИ И МЕНАЏИРА, ИСТО КАКО НЕГОВИОТ ДРУГАР БОКИО ,„ИКЕБАНАТА“ КОГА ЌЕ МУ СЕ ИЗМЕШААТ ЛИВЧИЊАТА, И ОВОЈ ПОЧНА ДА ТРОКИРА НАЈВЕРОЈАТНО ОД ВОЗБУДА И ТРЕМА. КАЖУВА ГУЛАБО ЗА ТОА ДЕКА ЌЕ СЕ ГРАДЕЛ ВОДОВОД ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МАНАСТИРОТ НА ТРЕСКАВЕЦ. ПОТОА ВЕЛИ ДЕКА МНОГУ САКАЛ ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА, КОЈА БЛИЗУ  ПОЛОВИНА БИЛА ОД АЗБЕСНИ  КАНЦЕРОГЕНИ ЦЕВКИ, ПА ЗАГУБАTA  НА ВОДАТА ОД 60 ПРОЦЕНТИ. АМА ВЕЛИ, ПОРАДИ ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА  НЕГОВИОТ СОН ТЕШКО МОЖЕЛ ДА СЕ ОСТВАРИ.  ГО СЛУШАМ ГУЛАБЧЕВО КАКО СЕ ФАЛИ ДЕКА ЕПТЕН УБАВО МЕНАЏИРАЛ, ТАКА  ШТО УСПЕАЛ ВО ГОДИНА И ПОЛОВИНА ОД 58 % ЗАГУБИТЕ  НА ВОДА  ДА ГИ НАМАЛИ НА 53%. НО, ЗА  ОДРЖУВАЊЕ  НА НОВАТА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА, ОД КОЈА НЕМА ДЕН НА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ  ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ ДА НЕ СЕ ПОПЛАВАТ, ТОЈ ИТРО СИ  МОЛЧИ. НИ ГУГНУВА, НИ КУКНУВА. КАЖУВА ГУЛАБОСКИ  КАКО „ЗБУНЕТО И ЗАБРКАНО ГУЛАБЧЕ ОД СОКОЛОТ“ И НАЈАВУВА НАЈГОЛЕМ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТ ЗА ГОДИНАВА – ИЗГРАДБА И ПОВРЗУВАЊЕ НА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПРИ ВЛЕЗОТ ОД ПЛЕТВАР СО ГРАДСКАТА РЕКА. ЕДНАШ ВЕЛИ ОВОЈ АТМОСФЕРСКИ КАНАЛ ЌЕ БИДЕ 110 МЕТРИ, ЕДНАШ 107 МЕТРИ, АМА ЌЕ ЧИНЕЛ 7.850.000 ДЕНАРИ ОД КОИ 5.500.000 ДЕНАРИ СЕ ПАРИ ОД ВЛАДАТА, А 30 % ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ. НЕ БАРЕМ ОВИЕ ПАРИ ОД ВЛАДАВА СЕ МАРСОВЦИ, А ОВИЕ 30% ОД НАРОДОВ  НАШ ПРИЛЕПСКИ. И ШЛАГ НА ТОРТАВА ОД ГУЛАБО ТИ Е СЛИЧЕН НА „КУРЕШАНИЦИТЕ ШТО ГИ КАКААТ  ГУЛАБИТЕ“ И ЕЛОКВЕНТО ТВРДИ  ДЕКА ОВА БИЛЕ АТРИБУТНИ  ПОДАТОЦИ. АТРИБУТНИ !?!? СЕГА САКАМ ЈАВНО ДА ГО ПРАШАМ ГУЛАБОСКИ И ДА ГО ОТВОРАМ КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ  НА  ОВОЈ ГРАД: ГЕРМАНСКАТА КФВ БАНКА ПРЕД 20 ГОДИНИ  ЗА ОБНОВА  И ЗАМЕНА НА СТАРАТА АЗБЕСТНА ГРАДСКА ВОДОВОДНА  МРЕЖА ДАДЕ 10.000.000 ЕВРА. ПРОЕКТ КОЈ ОД ТОГАШ ГРАДОНАЧАЛНИК САШО ПИРГАНОСКИ ГО НАСЛЕДИ И ГО  РЕАЛИЗИРА  ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ. РЕЧИСИ ОД ВРЕМЕТО НА МАЦИО Е ИЗРАБОТКАТА НА АПЛИКАЦИЈАТА И РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ-  НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА И ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА, ТЕЖОК  27.000.000 ЕВРА. ПРАШУВАМ: ДАЛИ СЕГА ГУЛАБОСКИ САКА ИНДИРЕКТНО  ДА НИ’ КАЖЕ ДЕКА ОД ДВАТА ПРОЕКТИ СЕ УКРАДЕНИ  МНОГУ ПАРИ ?!? И, ДЕКА ПАК ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ  ВОДА КОНЗУМИРААТ ОД  АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ!!! ДЕКА, НОВАТА КАНАЛИЗАЦИЈА E НЕСООДВЕТНО НАПРАВЕНА ПО ПРОЕКТ И ЗАТОА ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ СЕ ПОПЛАВУВААТ?!? ИЛИ САКА  ДА КАЖЕШ: МОИТЕ СОПАРТИЈЦИ  МАРЈАН  РИСТЕСКИ  КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК, МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ КАКО МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ, МЕТОДИЈА ТОМЕСКИ КАКО ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА И СЕГАШНИОТ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР САШО НИКОЛОСКИ,  МАНИПУЛИРАЛЕ СО ГРАЃАНИТЕ И ПАРИТЕ?!? ДЕКА  КРАДЕЛЕ, ЛАЖЕЛЕ И ВЕТУВАЛЕ?!? АКО НАВИСТИНА НЕ СИ ГУЛАБ „ШТО ПРПА“ КАЖИ  ГО ТОА ЈАСНО И ГЛАСНО, СИТЕ  УБАВО ДА РАЗБЕРЕМЕ. А НЕ ДА КАЖУВАШ ТЕ ЗАМУМУЛЕНО, ТЕ ЗАТУТУЛЕНО…НЕЛИ СИ РЕДОК СПОСОБЕН ЧЕСЕН И ИСКРЕН МЕНАЏЕР КОЈ МАКИ МАЧИ СО ФИНАНСИСКАТА СИТУАЦИЈА ВО ВОДОВОД?! ЛЕСНО Е ДА КОКЕТИРАШ И НА ЛУЃЕ ДА ИМ ДЕЛИШ ЕТИКЕТИ „РЕКЕТАРИ“ !!! ТОА НЕ Е ИНТЕЛЕКТУАЛЕН  И ГРАДСКИ МАНИР И ПСИХОЛОГИЈА, ТОА Е НЕШТО СОСЕМА ДРУГО. АМА ВЕРУВАЈ,  ТЕШКО Е ДА СЕ ВОДИ ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. ОТИ ЕДНО Е МЕНАЏЕР НА ПЕЧУРКАРА, А ДРУГО НА  ЈКП.

 

  • ЗА ЖАЛ, ВАКВИ СИЛНИ И БЕЗ КОМПРОМИСНИ „БОРЦИ“, ОД  ИМЕТО И ПОД ЗАШТИТА НА СДСМ ИМА И ВО ПРИЛЕПСКАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА. ЕДНА ГЛАВНА И ЕДНА НАЈГЛАВНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА СО СВОИ  НЕКОЛКУ ПОКЛОНЕНИЧКИ СЕ ТОЛКУ ГОЛЕМИ „БОРЦИ“ ШТО ВМРО-ДПМНЕ КАКО ПОЛИТИЧКА КОНТРА  НА СДСМ ДА ГИ ПЛАЌА, НЕМА ТОЛКУ ДОБРО ДА „СРАБОТАТ“. ПА ЗАТОА, ДУРИ И ВО БОЛНИЦАТА И ВО ГРАДОТ СЕ’ ПОГЛАСНО СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: КОЈ Е ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА: КЕТИ СМИЛЕСКА ИЛИ ГЛАВНАТА НА ГЛАВНИТЕ!!!  СЕ СМЕТА ЗА МЕНАЏЕР „СО ТАПИЈА“!!!! ДОБРО УПАТЕНИТЕ  ВЕЛАТ ДЕКА ВО ПРИЛЕПСКАТА ОО НА СДСМ  ЗНААТ И ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШТО СЕ ГОВОРИ И МОЛЧИ НИЗ БОЛНИЦАТА И ЧАРШИЈАТА. ЗНААТ И ВО СКОПЈЕ, АМА ЕТЕ ТРЕБАЛО – УШТЕ МАЛКУ ДА СЕ ИЗДРЖИ!!! А ТОА ШТО РЕЈТИНГОТ НА СДСМ МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОВАА ЈАВНО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ТОКМУ ПОРАДИ ТАКВИ КАКО НИВ,  ДРАСТИЧНО ИМ ПАЃА – НЕ Е БИТНО! БИТНО ТИ БИЛО ШТО ДВЕТЕ ТИ ИМАЛЕ ИЛИ ТИ СТОЕЛЕ  ЗАД ДВЕ ПЗУ КОИ ФУНКЦИОНИРААТ НАДВОР ОД ГРАДОТ. И ТИЕ ПЗУ  И’ ДОЛЖЕЛЕ ПАРИ  НА ИНСТИТУЦИЈАТА. ПРИТОА ДО ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ  КОРИСТЕЛЕ И ПРОСТОРИИ И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ ОД БОЛНИЦАТА. НО, ПОКРАЈ ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА  ДА  СИ ГИ ПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ ЗА  КИРИЈА И ДРУГИ ТРОШОЦИ, ГЛАВНАТА НА ГЛАВНИТЕ ДОЛЖЕЛА 183.000 ДЕНАРИ. А ПОМАЛКУ ГЛАВНАВА  600.000 ДЕНАРИ. ТАКА  СО ГОДИНИ  СИ СТОЈАТ  ОВИЕ ОБВРСКИ. ДОКТОРИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, АДМИНИСТРАТИВЦИ И ПОМОШЕН ПЕРСОНАЛ  РЕВОЛТИРАНО РЕАГИРААТ НА ПЛАТАТА ОД НАЈГЛАВНАТА. ТАА БИЛА НАД  60.000 ДЕНАРИ. ВО СПОРЕДБА СО ЛЕКАР ПО ОПШТА ПРАКСА КОЈ СЕ НАОЃА НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА КОЈ  ВО ПРОСЕК ЗЕМА МЕЃУ 35.000 И 37.000 ДЕНАРИ. ИРОНИЈАТА ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА ПЛАТАВА НА „ЦАРИЦАТА“ Е СКОРО ДВА ПАТИ ПОГОЛЕМА ОД МЕДИЦИНСКА СЕСТРА КОЈА ДЕЖУРА ДЕН И НОЌ, КОЈА СЕ БОРИ  И СЕ ГРИЖИ ЗА ЖИВОТ НА ПАЦИЕНТИ. ДЕНОВИВЕ ВРВ  НА НЕЈЗИНАТА „СКРОМНОСТ“ ТИ БИЛА ТЕШКА И БЕСКОМПРОМИСНА  БИТКА ИЗБОР НА  НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И РЕГИОНАЛЕН КООРДИНАТОР. АЈДЕ ТОА ШТО МОРА И ТРЕБА ДА СЕ ВРШИ ИЗБОР И РОТАЦИИ, АМА ЗАБУНА СОЗДАЛО ШТО ФИНАНСИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ГО ЛАПНАЛА „БУБАТА“. И ПОКРАЈ ТОА ШТО ЕПТЕН ИМ Е ЈАСНО,  ДЕЛ  ОД ЧЛЕНОВИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА КАКОВ –ТАКОВ,  ИЗВЕШТАЈОТ ЌЕ МОРА ДА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА И ДА СЕ ВИДИ „ДОМАЌИНСКОТО“ РАБОТЕЊЕ И ТРОШЕЊЕ НА ПАРИТЕ. ИСТО КАКО ШТО ЌЕ ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕ ИЗВЕШТАЈОТ  НА ПАРАЛЕЛНИОТ НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ  НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ  КОЈ ТИ БИЛ ДЕЛ ОД НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ЈАВНА ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА. ИМА УШТЕ НЕКОЛКУ МНОГУ ИНТЕРЕСНИ  РАБОТИ ЗА ГЛАВНАВА НА ГЛАВНИТЕ ВО БОЛНИЦАТА, АМА ЗА ТОА ВО ДРУГА ПРИЛИКА.

 

  • ВО МИНАТАТА КОЛУМНА ОТВОРЕНО ПОСТАВИВ ПРАШАЊЕ: КАДЕ ГИ ДОНИРААТ ВЕТЕНИТЕ ПАРИ ОД ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ИМЕНУВАНИТЕ И ИЗБРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ И ОД СОВЕТНИЧКИОТ ДОДАТОК ОД СОВЕТНИЦИТЕ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП? ДОСЕГА  ЕДИНСТВЕНА ПОТВРДА  ДОБИВМЕ ЗА КОНТИНУИРАНО ДОНИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД СОВЕТНИКОТ ДОКТОР КИРЕ ЈОНОСКИ ВО ЕДНО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ. ЗА УЧЕСТВО НА УЧЕНИЦИ НА НАТПРЕВАРИ ОД ОБЛАСТА  НА НАУКАТА И ЗА КУПУВАЊЕ НА НАГЛЕДНИ  СРЕДСТВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ. ЗА ВЕТЕНИ И ДОНИРАНИ ПАРИ ОД ПЛАТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И СОВЕТНИКОТ ДИМЕ БОЗОСКИ, ИНАКУ ДРУГАРЧЕ НА БОКИ, ДО СЕГА НЕМА. НАЈВЕРОЈАТНО ПОРАДИ ТОА ШТО ДВАЈЦАТА ИМАЛЕ „ЗМИЈА ВО ЏЕБОТ“.

 

  • ПРАШУВААТ: ЗОШТО ВО ОВИЕ КОЛУМНИ НЕМА НИШТО ЗА ГОДИНАШНИОВ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ КОЈ ETE ЗАВРШУВА ВЕЧЕРВА ?! ОДГОВАРАМ: ФЕСТИВАЛОТ Е „МАЧКИНА КАШЛИЦА“ ВО СПОРЕДБА СО ОВОЈ НАШ СЕКОЈДНЕВЕН ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ СЕ ИГРА НА ОТВОРЕНО И ЗАТВОРЕНО. A, НАЈВРЕДНА И НАЈГЛЕДАНА ПРЕТСТАВА Е „ПРИЛЕП МАРГИНАЛИЗИРАН – БЕЗ НИТУ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР ВО ДРЖАВАВА“. ПОСЛЕДНИ БЕА: ГОРАН СУГАРЕСКИ – МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, И КРАТКО  ДИРЕКТОР НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА МАКЕДОНИЈА, ЗА НЕСЛАВНО КУТРИОТ ДА  ЗАВРШИ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК. ЗАГУБИ СО 7 500 ГЛАСА РАЗЛИКА ОД БОКИО; И ВТОРИОТ  ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ, СЕГА ВЕЌЕ ЕКС ДИРЕКТОР НА МЖ-ИНФРАСТРУКТУРА. ЗНАЕВ ДЕКА ХАРИ ЛАЖЕ И ДЕКА ОСТАВКА НЕМА ПОДНЕСЕНО ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ. МУ СЕ ЈАВИЛ НЕКОЕ МАЖИШТЕ  ОД ЦЕНТРАЛАТА НА СДСМ ВО СКОПЈЕ И МУ РЕКОЛ ОДМА ДА СИ НАПИШЕ ОСТАВКА. ЗНАМ И КОЈ, АМА НЕ Е БИТНО. БИТНОТО Е ШТО ПРИЛЕП НЕМА НИТУ ЕДЕН НОСИТЕЛ НА ВАЖНА ФУНКЦИЈА ВО СКОПЈЕ. И УШТЕ ПОБИТНО Е ДЕКА ЗА ОВА, ВО ГРАДОВ ВО ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП НИКОЈ НЕ ГО БОЛИ УВО. ЦАКИО СИ СЕ НАМЕСТИ ЗА  ДИРЕКТОРИШТЕ ВО ТУТУНСКИ КОМБИНАТ, МИЛЕ ТАЛЕВСКИ ПРАТЕНИК И ИВОНЧЕ БОМБОНЧЕ ВО ЦО НА СДСМ. И АКО ПРИЛЕП Е СТАВЕН НА „ИГНОР“ УШТЕ ОД ВРЕМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ, ДОСЕГА НИКОЈ ОД ГРУПАТА ШТО ЈА ВИКАМ „С.О.С“ НИ СО ПРСТ  НЕ МРДНУВА НА ОВОЈ ПЛАН ОСВЕН, СО МЕЃУСЕБНО КОДОШЕЊЕ ВО СКОПЈЕ. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА НИШТО НЕ Е ПОДОБРА СИТУАЦИЈАТА И ВО ВМРО-ДПМНЕ. МИЦКОСКИ ДОЈДЕ НА ПАРТИСКАТА  ТРИБИНА  ВО ГРАДОВ – ПРЕД МЕМОРИЈАЛНИОТ МУЗЕЈ 11 ОКТОМВРИ. КАЖА И ОДМА СИ ЗАМИНА. КОЛКУ ШТО РАЗБРАВ ПРЕТХОДНО ОД ОВИЕ „ЗАЛИЖАНИВЕ И НАПОКОНДИРЕНИ “ ВО ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРАЛ, ЕДЕН ПОРАНЕШЕН ПРАТЕНИК, ДА НЕ ГО КАНАТ И ДА НЕ СЕ СЛУЧИ – СЛУЧАЈНО, ТОЈ ДА ГО ВИДИ НА ТРИБИНАТА. И ТАМУ ИМА ЕДНА ГРУПА СЛИЧНА НА ОНАА ОД СДСМ И ТАА  ОПСТАНОКОТ И КАРИЕРАТА ЈА ГРАДАТ НА КОДЕШЕЊЕ, ЛАЖЕЊЕ, ПЛАЧЕЊЕ, ЛИГАВЕЊЕ И ПРИКРИВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА НЕСПОСОБНОСТ. САМО СО ЦЕЛ ШТО ПОДОЛГО ДА СЕ ОСТАНЕ ВО  „ФИРМАТА“ ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Пелагониско здружение – македонски мост за напреден економски развој

Пела Редакција

Донација од 10 компјутери во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп од Гентерм Македонија

Гордана Цветаноска

Новиот филм „Кајмак“ на Манчевски ќе се прикажува во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе