23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Победа на тест за опстанок со Вардар

Натпреварот во Охрид започнува денеска, во 15:30 часот. На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во 26. коло од ПМФЛ, домаќин е Победа , а противник е македонскиот вицепрвак Вардар.

Иако, Победа е во незавидна положба ,со оглед на тоа што е последна на табелата со 18 бода , избраниците на Мегленски ќе се обидат да пронајдат форма преку која би го обезбедиле опстанок во лигата. Тони Мегленски повторно се врати на тренерската позиција и вети дека ќе го даде максимумот за да ја спаси честа на прилепскиот прволигаш. Сепак, резултатите на тимот не најавуваат добра завршница на сезоната, а утрешниот противник ќе биде уште еден проблем на патот до преживувањето во елитаната македонска фудбалска  лига.

Инаку, меѓусебните дуели меѓу овие две екипи секогаш носат изненадувања. На последните пет меча, екипата од Прилеп потив Вардар има две победи и три порази.

 

Би можело да ве интересира

„Oсумка“ во мрежата на Победа- го губи ли клубот чекорот за опстанок?!

На Прилеп му е потребна универзалната сала – спортистите едногласни за иницијативата (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Мартин Ристески: Спортувајте што било, затоа што спортот е здравје(ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе