9.1 C
Прилеп
недела, 3 ноември, 2024
Пела Радио

Нов протест – нова дилема!Има ли гласност работничкиот штрајк на Еурокомпозит?!

Работниците од  фабрика „Еурокомпозит“ прогласени за технолошки вишок на денешниот протест во центарот на Прилеп бараа јасен одговор и крајно решавање на проблемите со исплатата на отпремнините и заостанатите плати и придонеси 

Поради неисполнеувањето на ветувањето од минатонеделниот протест во Скопје за исплатата на отпремнините,тие денска се најдоа пред Општинската зграда.

– На средбата со претставникот на државниот капитал ни беше речено дека отпремните ќе се исплатат до петокот или, најдоцна, до вчера, понеделник. Од тоа нема ништо, рече Пецо Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласена за технолошки вишок.

„Вториот ден ние што останавме на протестот во Скопје, се сретнавме само на пет минути со вицепремиерот Анѓушев кој, дури не ни дозволи да поставиме прашања. Рече дека инвеститорот ќе вложи 1,5 милиона евра, прво ќе се подмири долг кон Стопанска банка Битола и ќе останат 1,1 милион евра, па што сакаме да правиме со нив.  Сега проблемот го префрла кај нас, за ние да решиме за подмирувањето на побарувањата. Бараме крајно и конкретно да се каже како со фирмата. Не е проблем да се рестартира преку стечај и да работи „Еурокомпозит“, но не се знае ништо. И по две години договарања и преговарања како да сме на почетокот,„- вели Велјаноски, нагласувајќи дека само исплатата на заостанатите придонеси е околу еден милион евра.

Работниците бараат средба со релевантните политички фактори во Прилеп, а не ја исклучуваат можноста од повторен протест во Скопје.

 

Преземено од Вечер: https://vecer.press/%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8/

 

Би можело да ве интересира

Заврши потрагата по Весна. Пронајдена во водите на Вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Прилепчани во исчекување на резултатите од Инситутот за јавно здравје

Елизабета Филипоска

Во Прилеп 2 нови случаи позитивни на корона вирус

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе