15.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Џудо клубот „Пролетер“ со новогодишна забава ја заокружи 2025

Вечерва во преполната спортска сала при СОУ „Орде Чопела“, прилепскиот џудо клуб „Пролетер“ ја реалзираше традиционалната новогодишна забава за младите џудисти, нивните родители и роднини, како и за пријателите и поддржувачите на клубот.

 

На настанот беа истакнати најуспешните џудисти кои се закитиле со многу награди на домашните и меѓународните натпревари, најмладите со дипломи беа поттикнати да продолжат да ја развиваат љубовта кон овој спорт, а благодарници добија и фирми и поединци кои на различни начини ја поддржуваат работата на „Пролетер“.

Како што истакна главниот тренер, Славчо Димитриjoски, овој клуб постои од 1979 година и џудисти што тренерилае тука, сега го пренесуваат знаењето во многу други клубови низ државава.

Младите џудисти пред бројните посетители прикажаа вежби, борби и падови, а победниците симболично добија чоколаден Дедо Мраз.

Секако освен чоколадниот тука беше присутен и вистинскиот Дедо Мраз, кој дојде со санка влечена од ирвас, а дружбата беше заокружена со богат коктел за радост на дечињата.

 

Да потсетиме, годинава, џудо клубот „Пролетер“ имаше забележително учество  на Европскиот џудо-куп во Сараево, Република Босна и Херцеговина, од каде што се врати со второ место за Марко и трето место за Џени Димитриоска, а петтото место го освои Виктор Стојаноски.

 

текст и фото: Ф.Д.

Би можело да ве интересира

ДЛУП со изложба во Лувр

Уште еден подвиг на Дарко Неданоски со тимот за спасување на планина при ДЗС

Донација „УВ Гард“ – уред за дезинфекција од КОВИД 19 за прилепската болница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе