16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Спој на музиката и природата – Концерт на Pirka АВХ на Маркови кули. Ќе се гледа само на социјалните мрежи

Уште едно изненадување на Јавен простор. Имено, денеска, (30.06.2019)   во Прилеп,  Пирка.AВХ  го најави својот, 7ми live-stream евент,  заедно со македонскиот бенд „The Local Blue“.

Станува збор за  концерт кој ќе биде достапен за гледање само преку социјалните мрежи, а  ќе започне во интервал од 20:30 до 21 часот и  ќе трае еден час.

„Сакаме преку презентација на аудио и видео моменти да промовираме артисти, а воедно и да промовираме локации низ Македонија на еден невообичаен начин и перспектива која ретко кој може да ја искуси“, велат од Пирка.

Јавноста ќе може да го следи концертот на Фејсбук и Јутјуб.

Целта на Pirka АВХ е селекција на најдоброто од македонската музичка сцена и негова презентација преку стримови и видео емитувања на внимателно селектирани локации, дел од природната убавина и пејсажи на Македонија. Моментално тимот е фокусиран на електронската сцена, но во најава е ширење на жанровската застапеност.

 

Pirka АВХ себеси се дефинираат како колектив на индивидуалци, секој професионалец во својата област, кои заеднички творат и креираат со една цел – визуелна презентација на хармонијата помеѓу музиката и природните убавини.

 

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата „Семејни приказни“

„Педали и приказни“ на плоштад во Прилеп: музика, возење велосипед, проекција на филмови

Прилепскиот театар затворен од Дирекција за заштита и спасување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе