16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Голема порака од малите спортски игри со рециклирани тутунски материјали!

Во големата спортска сала на ООУ„Манчу Матак“- Кривогаштани за прв пат денеска се одиграа мали спортски игри со реквизити изработени од рециклирани тутунски материјали. Учениците со своите наставници по физичко образование заедно другаруваа и ја пренесоа пораката за – невклучување на децата во работата при одгледувањето тутун.
Малите спортски игри се одржаа во духот на детството, радоста, но и дружењето со учество на 4 екипи од 40 ученици, основци од четири основни училишта: ООУ„Манчу Матак“-Кривогаштани, ООУ „Јонче Смугрески“-с.Обршани, ООУ„Никола Карев“-Крушево и ООУ„Страшо Пинџур“-с. Мало Коњари. Учениците своите сили „ги измерија“ во четири различни спортски игри.
Локалната самоуправа ги организира овие игри со цел, да го поттикне психо – физичкиот развој кај учениците, притоа развивајќи го спортскиот дух и мотивот за соработка и другарување. За сите учесници ќе бидат обезбедени мали симболични награди за поттикнување на нивната поголема посветеност и ангажираност во спортот.
Манифестацијата се одржа во организација на општините Кривогаштани и Крушево и ООУ„Страшо Пинџур“с. Мало Коњари , а со поддршка на МЦМС во рамките на конкурсот „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“.

Би можело да ве интересира

Кога градинките во Прилеп ќе започнат со работа?

(Видео) Иновативни, креативни и уникатни – Како ООУ „Климент Охридски“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со ретки болести?!

Пела Редакција

(ФОТО) Крушевчани во акции за заштита на животната средина

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе