20.6 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Потрагата по прилепчанецот Виктор Илиоски заврши – пронајден е починат

Потрагата по 40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кој исчезна во сабоата, заврши трагично – тој е пронајден починат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница – Прилеп е пронајдено лице без знаци на живот. Констатирано е дека станува збор за В.И. (40) од Прилеп.

Од Итната медицинска помош била констатирана смрт на местото на настанот, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител. По негова наредба, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Од МВР посочуваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на околностите.

Семјството претходно алармираше дека Илиоски последен пат бил виден во саботата, на 14 февруари околу 14 часот, облечен во темно сина јакна, црни тренерки и сиви патики, по што му се губи трага. Полицијата и надлежните институции беа известени за неговото исчезнување, а јавноста беше повикана да пријави било какви сознанија за неговата можна локација. Според информациите од семејството и објавите на социјалните мрежи, мајката Роза очајно апелираше до граѓаните за помош во пронаоѓање на нејзиниот син, а објавата привлече бројни реакции и пораки на солидарност. На социјаните мрежи таа денеска  потврди дека нејзиниот син починал.

Би можело да ве интересира

Одбележана 120 годишнината од смртта на Методија Патчев

(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Кривогаштани: водата за пиење е неисправна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе