14.9 C
Прилеп
вторник, 25 март, 2025
Пела Радио

Многу голови и реми во шок натпревар во Велес (ВИДЕО + ФОТО)

Седумдесет и  шест гола а реми во трилер завршница , многу ретка и неповторлива на ракометните терени ширум земјава.Што и да се напише и резимира од еден ваков натпревар , мора да биде кратко и во неколку реда , зашто се друго што вечерва се случуваше на мечот помеѓу Борец и Прилеп треба да се доживе на лице место.

Прво, за малку Страшо Илиоски ќе имаше неповторливо деби на тренерската функција  , второ, долго време во македонската супер лига некоја екипа не се вратила од минус десет па да има прилика да бие за победа а тоа го имаа прилепчани но … остана на крајот на семафорот 38: 38.Трето, најчудна , најнеизвесна завршница која вредеше и да се погледне но и да се ужива во неа.А за играта …домаќините го имаа водството и по првото полувреме од 23:20 но и долго време во второто .Но не е важно колку време ќе го имаш тоа водство кое достигна и двоцифрена разлика , туку е многу важно дали ќе ја задржиш таа предност и ќе ја претвориш во триумф.За сето тоа да падне во вода се погрижи РК Прилеп , прилепските ракометари израмнија во последните секунди и за жал во контра не  се реализира чиста ситуација за гол за да биде епилогот во корист на избраниците на Илиоски.Дуелот погледнете го во видеото подолу а уживајте во финишот , оти ваква драма  ретко се гледа.

Би можело да ве интересира

Снегот ги одложи фудбалските натпревари во Прилеп

Елизабета Филипоска

ПроБоксМакедонија: Македонските боксери се регистрираа на платформата BoxMed

Никола Димески

И вториот пријателски натпревар во корист на Победа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе