29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Меѓународна конференција “Здравствени и социјални услуги во заедницата”

Во организација на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп, во просториите на хотел Кристал Палас денеска се одржа меѓународната конференција “Здравствени и социјални услуги во заедницата” Оваа конференција има за цел да истражи практични, скалабилни решенија и да идентификува можности како може да се мобилизира социјалното и здравственото управување за да се изградат заедници каде секој има пристап до соодветна социјална и здравствена грижа.На оваа конференциј професионалците, давателите на услуги и креаторите на политики споделија  сознанија и достигнувања во домашната нега и здравствените услуги.

На конференцијата свое излагање имаа  претставници од нашата држава, Австрија, Албанија, Хрватска и Србија односно претставници на општини – градоначалник на општина Прилеп, Градоначалници од општините Швахенштадт и Хернбаумгартен, Република Австрија, Градоначалник на општина Брезнички Хум, Хрватска, претставници на даватели на социјални и здравствени услуги од Република Албанија, претставници на јавни установи за социјална заштита, даватели на социјални услуги и др. кои преку споделување на нивната експертиза и влијание во областа,  и тоа како даваат  придонес за квалитетни и одржливи социјални и здравствени услуги кај нас.

Инаку преку Здружението Центар за развој и едукација во општините Прилеп , Долнени и Кривогаштани досега се имплементираат 2 услуги “Помош и нега во домот ” и “Медицинска сестра во заедницата ” како пилот проекти.

Би можело да ве интересира

Вечерва премиера на претставата „Саатот“

Како Прилеп ќе го одбележува 3ти Ноември, Денот на ослободувањето?

Прилеп гордо и достоинствено го одбележа Денот на независноста

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе