17.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Сашко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Ислами од ВЛЕН во трката за градоначалник на Долнени

Двајцата кандидати за градоначалник за Општина Долнени, Блерим Ислами од ВЛЕН и Сашко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ,  ја почнаа кампањата за вториот круг за избор на градоначалник.

Сашко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ во овoj двонеделен рок од изборна кампања напиша дека ќе се фокусира на промоција на програмата до секој жител на Општина Долнени и изрази увереност во подобар резултат во вториот круг.

Во првиот круг го покажавме вистинското лице на Долнени – лице на единство, решителност и надеж! Благодарност до сите што застанаа со нас – Македонци, Бошњаци, Албанци и Турци – кои веруваат дека Долнени може и мора подобро! Вашата поддршка е јасна порака дека граѓаните се уморни од неправдите, поделбите и разочарувањата. Доста беше ветувања без дела – време е за нов почеток, за општина каде сите ќе се чувствуваме рамноправни и слушнати. Сега е моментот да ја заокружиме промената што ја започнавме! Во вториот круг, да се обединиме уште посилно и да застанеме зад човекот кој има визија, чесност и енергија да го води Долнени напред – Сашко Велјаноски! Да покажеме дека кога сите заедно стоиме – нема сила што може да нè запре! Поддржи ја промената. ДОЛНЕНИ ЗАСЛУЖУВА ПОВЕЌЕ!, напиша тој.

Кандидатот на ВЛЕН,  Блерим Ислами , изјави дека во следните две недели ќе го посети секое семејство за да побара поддршка.Тој деновиве беше во посета на Лажани, Житоше, Цртнилиште…

Ќе продолжиме со нашата програма и во овој двонеделен рок, со цел да стигнеме до секој граѓанин. Долнени има потенцијал – во земјоделството, образованието, инфраструктурата и со нов, чесен и отворен правец, можеме да изградиме подобра иднина за секое семејство. Овој резултат на овие избори е благодарение на нивниот ангажман. Конечното победата и припаѓа на Долнени.  Заедно можеме да направиме промена!, напиша Блерим Ислами, кандидат за градоначалник на ВЛЕН за Долнени.

Сашко Вељаноски е дипломиран економист, насока менаџмент.Член е на бордот директори на Тутунски комбинат АД Прилеп и е поранешен директор на Јавното комунално претпријатие во Долнени. Потекнува од населеното место Ропотово. Тој е семеен човек, татко на две деца.

Блерим Ислами е професор во  ООУ “Исмаил Џемали“ во с. Црнилиште. Тој е семеен човек и татко на две деца.

Кампањата за вториот круг од изборите е во тек, а ќе  заврши на 30 октомври на полноќ. В сабота е мол, а веќе в недела на 2 ноември ќе се одржи вториот круг на изборите . Во вториот круг на гласање за градоначалник би бил избран кандидатот кој би добил најголем  број гласови.

Би можело да ве интересира

Борче Чуптрески, независниот кандидат за градоначалник порача од Могилата: 11-ти Октомври е почеток на нова борба за независна политичка ера на Прилеп

(Интервју) ЗНАМ со план, визија и решенија за поразвоен Прилеп. Но, зошто немаа кандидат за градоначалник, колку советнички места очекуваат…?

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија формира општинска организација во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе