14.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Тутунски откуп: За два дена се вклучува една компанија, а од понеделник сите останати

За два дена, од четврток започнува со откуп Италмакс, покрај Тутунски Комбинат и Кавекс Балкан, а од почетокот на наредната недела, од први декември во откупната кампања се вклучуваат и останатите 7 откупувачи.  Првата седмица од предвремениот тутунски откуп помина како и што се очекуваше: тутунот се откупува само во прва класа, најпрво со минимални одбитоци  од 1%, а последниве неколку денови со 3% за присуство на песок.

Сојузот на тутунски здруженија нема да се откаже од преговорите за повисоки цени. Откупните компании сеуште тактизираат со стартот на откупот. Оваа недела од 27 ноември со преземање на реколтата започнува Италмакс со пунктови во прилепско. Според известувањата кои ги добивме од останатите компании од понеделник 1 ви декември, а најдоцна вторник, стартуваат со откуп и останатите 7 регистрирани откупувачи,“ информираше Кире Ристески, претседатал на Сојузот на тутунски здруженија. 

Во врска со динамиката на тутунскиот откуп денеска во Министерството за земјоделство се одржал состанок со откупувачите на кој присуствуваа и претставниците од Сојузот од каде потврдија дека никој од откупувачите сеуште официјално не прави корекција на цените за повисоки цени. Во секој случај тактизирањето продолжува. Вистинската слика за потребите од  ориентален ароматичен тутун  ќе се прикаже со вклучувањето на пазарот на сите откупни компании. Понудата е високо квалитетен производ баран на светските пазари.

Би можело да ве интересира

Битолската „На дното“, „Домот на куклата“ на Турскиот театар и независната „Поол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

Да се укинат договорите на дело бараат од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“(ВИДЕО)

Пела Редакција

Кој гласа за „Медена земја“, филмот кој испишува историја?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе