20 години успешна кариера а за прв пат на ПивоФест 2026 , неповторливиот Јордан Митев со својата музичка програма едноставно ги задоволи вкусовите на присутните на втората фестивалска вечер.Својот музички реперторар и својата позитивна енергија зрачеше на сцената и нормално е да допре до публиката која уживаше во македонскиот фолк ритам.За Радио Пела , Јордан Митев рече дека му е многу драго што е за прв пат меѓу прилепчани , односно на сцената на фестивалот на пивото и дека се радува што прилепската публика секогаш ги пее неговите хитови.

