23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Парични награди за најдобрите-распишан конкурс за необјавена песна за деца „Тоде“

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 30.12.2025 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта [email protected] . Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот.

Минатата година наградите ги добија: прво место, Марија Бошковска за „Во една шума чудесно чудна“, второ место Светлана Котевска за „Бунт на природата“ и трето место Ружица Денковска за „Градинарска судница“.

Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.

Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук-страницата на „Креативна верига“ (клик овде), а конкурсот е достапен на следниот линк: конкурс.

Би можело да ве интересира

Активни два пожари во прилепско

Одбележувањето на 64 години од смртта на Методија Андонов Ченто остана незабележано во неговиот роден град

(видео) Прилепските најмлади пијанисти со пијано маратон го одбележаа Ден на пијаното

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе