24.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Предлог за 13 Величествени, Киро Ристески – гласот на тутунарите што ја мобилизира јавноста

Предлог на Радио Пела за 13 Величествени е Киро Ристески – гласот на тутунарите што ја мобилизира јавноста. ГЛАСТАЈТЕ на ЛИНК  (маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите  резултатите) КЛИКНЕТЕ  и одберете го Вашиот фаворит)

(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти  Февруари на Светскиот Дент на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)

Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија, често е  во фокусот на медиумите, особено во периодот на откупот на тутунот. Неговата активност во заедницата и залагањето за правата на тутунарите го позиционираат како еден од најгласните и највлијателни претставници во земјоделскиот сектор.

Сојузот на тутунски здруженија со поверениците не е само официјален претставник на тутунопроизводителите  при проценката на тутунот на вагите. Оваа организација во текот на целата година има задача да се бори за подигнување на нивото на улогата на тутунарите во целиот процес на тутунопроизводство со цел постигнување на рамноправна положба на дирекните, примарните производители со откупните фирми. Ваквата улога на организацијата на Сојузот и пред се’ на човекот кој што ја раководи е утврдена со закон со цел заштита на правата на тутунарите.

Оваа година особено во фокусот се измените во Законот за тутун и тутунски производи со кои се направија измени во таа насока: под притисок и на барање на Сојузот во сила е законската одредба за забрана на увоз на тутун за време на откупниот период, со што на македонските – домашните производители им се овозможува заштита на производството.

Сојузот на тутунски здруженија предводен од Киро Ристески, долгогодишен тутунски работник и познавач на состојбите во секторот, веќе подолго време ја најавува исто така важната „битка“ за дополнителни законски измени во кооперантските односи со откупувачите, со кои би се вратил стариот начин на утврдување на цените во договорите пред почетокот на секоја сезона. Односно, државата да воспостави ред со кој ќе се обезбеди рамноправност на производителите со откупувачите во ценовната политика.

По пауза од над 10 години, Сојузот на тутунски здруженија на Македонија стана десетта членка на УНИТАБ – Интернационалната Европска асоцијација на тутунски здруженија од земји производители на ориентален ароматичен тутун .

Активностите на македонскиот Сојуз наредната година ќе бидат подигнати на европско ниво – во Македонија ќе се одржи Меѓународна конференција на УНИТАБ на која ќе се дебатира и одлучува за иднината во производството на ориенталниот ароматичен тутун на европско тло контра настојувањата на Европската Унија и Светската здравствена организација за намалување на производството.

Во 2026 та година се очекува Сојузот на тутунски здруженија повторно да стане членка и на Светската организација на производители на крупнолисен и ориентален тутун ( ITG) за што веќе во октомври е најавен собир на претставниците на оваа платформа во Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Предлог за 13 Величествени, ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт

Пела Редакција

Дарко Неданоски – Спелеолог – поборник за спасителската служба во Македонија – Предлог БР.3 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Вљубеникот во природата!

ДАРКО И ДЕЈАН ШТАРГОСКИ – Со силата на новинарската реч – Предлог бр. 9 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе