28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Предлог за 13 Величествени, ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт

редлот на Радио Пела за 13 Величествени е фудбалската екипа ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт во Прилеп. ГЛАСАЈТЕ  на следниот ЛИНК (маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите  резултатите) КЛИКНЕТЕ  и одберете го Вашиот фаворит)

(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти  Февруари на Светскиот Дент на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)

ФК Големо Коњари стана вистинска медиумска сензација благодарение на својата активност во заедницата и напорите за развој на спортот во регионот. Клубот не само што се врати во Втората лига, туку и со своите иницијативи и поддршка од локалната заедница постојано го привлекува вниманието на медиумите.

ФК Големо Коњари изврши реконструкција на теренот и активно работи на реновирање на својот стадион и соблекувалните, со цел да обезбеди современи услови за натпревари во Втората лига. Клубот добива поддршка од локални бизниси и од дијаспората. Шампионска титула во третата лига: успехот на клубот во Третата лига Југ, прославата на титулата во втората лига, позамувајќи го теренот на користење на странките младински фудбалски репрзентации,  го привлече вниманието на медиумите, нагласувајќи ја сплотеноста на селото и љубовта кон фудбалот. Од спортски портали до локални радија, секој чекор на клубот е следен и пренесен, што ја зголемува видливоста на селото Големо Коњари и го прави препознатливо во целата држава. Медиумите го препознаваат тоа и го пренесуваат како инспиративна приказна за спортот, локалниот развој и човечката солидарност.

Активностите на ФК Големо Коњари испраќаат силна ПОРАКА: „кога заедницата стои зад својот клуб, успехот е неизбежен“

Би можело да ве интересира

АНКЕТА 13 Величествени

Pela

НИНА СПИРОВА – (ПОСХУМНО) Најпозната македонска пејачка на староградска и народна музика на сите времиња – Предлог бр. 12 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Предлог 13 Величествени, Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе