23.3 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Предлог 13 Величествени, Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност

Предлог на Радио Пела за избор за 13 Величествени e Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност. ГЛАСАТАЈТЕ на следниот ЛИНК (маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите  резултатите) КЛИКНЕТЕ  и одберете го Вашиот фаворит.)

(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти  Февруари на Светскиот Дент на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)

Ротари клуб – Прилеп во последните месеци стана центар на медиумско внимание благодарение на своите хуманитарни активности и силната посветеност кон заедницата. Со донации, културни настани и поддршка на јавни институции, клубот ја потврдува својата улога како двигател на позитивни промени во градот.

Медиумско внимание ја привлече донација на професионален дрон на Територијалната противпожарна единица, со цел подобро следење и превенција на пожари, донациите во детските градинки, во прилепската болница,  културните иницијативи: Клубот организира традиционален „Арт Хепенинг“ по повод 3-ти ноември, каде што се доделуваат награди за уметнички дела, што исто така привлекува медиумски интерес. Јавни настапи и интервјуа на  Претседателот на клубот, Орде Ѓорѓиоски кој редовно учествува во јавни дебати и медиумски интервјуа, се само доказ како  се зајакнува видливоста на организацијата во заедницата.

Секоја активност е насочена кон градење на мостови меѓу луѓето и институциите, што ја прави организацијата препознатлива и медиумски атрактивна. Медиумите го препознаваат тоа и го пренесуваат како инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност.

Ротари клуб Прилеп испраќа јасна ПОРАКА: хуманоста и заедничката енергија се најсилниот двигател на локалниот развој.

Би можело да ве интересира

Toшеска: 2024 е досега најуспешна година во мојот живот (ВИДЕО)

Пела Редакција

ДАРКО И ДЕЈАН ШТАРГОСКИ – Со силата на новинарската реч – Предлог бр. 9 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Започнува изборот на 13-сет ВЕЛИЧЕНСТВЕНИ! За кој прилепчанец Вие би го дале Вашиот глас ?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе