26.1 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Предлог за 13 Величествени, Ангела Конева – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот

Предлог на Радио Пела за 13 Величествени е Ангела Конева – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот. ГЛАСАЈТЕ НА ЛИНК (маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите и резултатите) КЛИКНЕТЕ  и одберете го Вашиот фаворит)

(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти  Февруари на Светскиот Дент на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)

Во време кога секојдневието често носи рамнодушност, постапката на Ангела Конева успеа да го привлече вниманието на јавноста и медиумите. Таа стана симбол на хуманоста, добрината и храброста, откако без двоумење се впушти во спасувањето на едно беспомошно кученце кое се најде во опасност.

Чинот не само што го спаси животот на животното, туку и потсети дека хуманоста не е голем гест, туку секојдневна одлука да се помогне. Локалните медиуми ја истакнаа како „херој на секојдневието“, пренесувајќи ја нејзината приказна како инспирација за граѓаните.

Со оваа, нескојдневна, храбра интервенција за Прилеп, Ангела Конева не само што го спаси кученцето, туку и ја поттикна јавноста да размисли за важноста на емпатијата и солидарноста. Таа покажа дека токму со ваквите дела на човечност што ја покажуваме во најобичните моменти, ние правиме големи дела.

Порака до заедницата: Постапката на Конева е потсетник дека секој може да биде херој – со мала, но значајна акција која спасува живот.

 

Би можело да ве интересира

Предлог за 13 Величествени, Tuning Car Show – уникатниот начин на промовирање на автомобилската култура

Пела Редакција

Убавината ќе си го најде патот, колку и да изгледа кревка понекогаш, ДОБРИЛА ГРАШЕСКА, предлог бр. 10 за најпрестижната општинска награда „3 – ти Ноември„

Николоски: Номинацијата за 13 величествени многу пријатно ме изненади(ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе