31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Пожар пеплоса куќа во с. Лажани и го остави семејството без дом

Доцна синоќа изгоре семејна куќа во с. Лажани, Општина Долнени. Семејството, Даил и Сафет Бекироски претрпеа голема несреќа. Ненадејно нивниот дом целосно изгоре во пожар, по што останаа без покрив над глава и без основни услови за живот.

Нивниот сограѓанин, Ален Хасановиќ на своајта ФБ страна апелираше за помош и напиша:

„Во овие исклучително тешки моменти, упатуваме отворен апел за помош и солидарност до сите жители на село Лажани, до соседните населени места, до граѓаните од целата држава, како и до нашата дијаспора ширум светот. Секој кој е во можност, во рамки на своите можности, може да помогне со финансиски средства, градежен материјал или каква било друга форма на поддршка. Секоја помош е значајна. Со заедничка човечност и поддршка можеме барем делумно да им ја олесниме оваа голема животна мака и да им помогнеме повторно да застанат на нозе. Контакт лице: Даил Бекироски – 070 653 822 “

Протпожарната единица иинтервенирала , а се утврдува причината за настанатиот пожар во семејната куќа на семејството Бекироски.

Би можело да ве интересира

Жена крадела во маркет во Прилеп

Пела Редакција

Прилепчанец загина во сообраќајка на патот Велес-Прилеп

Викенд сообраќајни контроли-најмногу казни за брзо возење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе