20.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Обезбедена системска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“

Со потпишувањето на управниот договор за финансиска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“ обезбедено е долгорочно – системско решение. Имено, деновиве, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и партнерските општини потпишаа управен договор со кој се обезбедува финансиска одржливост на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, наменета за стари лица со намалена функционална способност.

„Оваа соработка придонесува кон градење на интегриран, транспарентен, ефикасен и одржлив систем на социјална заштита, кој навремено и соодветно ќе одговори на потребите и предизвиците на ранливите групи и на населението на подрачјето на општина Прилеп. Со ваквите активности се потврдува заложбата на институциите, граѓанските организации, и локалната самоуправа за развој на достапни и квалитетни социјални услуги, насочени кон подобрување на благосостојбата и социјалната вклученост на граѓаните“, вели Марина Тошеска од Здружението Центар за развој и едукација Прилеп.

Преку оваа услуга, над 170 стари лица ќе имаат континуиран пристап до професионална помош и поддршка за независно и достоинствено живеење во сопствениот дом. Услугата ќе ја спроведуваат 58 обучени негуватели, што претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на живот на корисниците, но и создавање позитивни социјални и економски ефекти за локалната заедница.       Воспоставувањето и унапредувањето на професионални и квалитетни социјални услуги е заедничка заложба на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, како и на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Услугата „Помош и нега во домот“ започна да се спроведува во средината на 2023 та година по иницијатива на Здружението Центар за развој и едукација. Новата социјална услуга беше резултат на законските измени во областа на социјалната сфера од 2019 година. Услугата за помош и нега во домот влезе во системот на социјалните права на граѓаните и прерасна во обврска на ресорното министерство.

Би можело да ве интересира

Насилството има име и треба да се пријави-„16 дена активизам против насилството“ (ВИДЕО)

Одбележувањето на двата историски Илиндена под посебни услови

Во заедничка акција Македонците во Мелбурн се справуваат со говорот на омраза

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе