26.7 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

За поголема контрола на терен – Министерството за енергетика отвора канцеларија на инспекторатoт во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски денеска остварил работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници од министерството и државни советници за рударство. Воедно се одржала и средба со најистакнатите концесионери од прилепскиот регион.

Се разговарало за актуелните состојби и предизвиците во енергетскиот и рударскиот сектор, но и за можностите што ги има регионот. Основната порака која што била упатена на средбата е дека Прилеп мора да биде пример – како искористувањето на минералните суровини може да значи реален локален развој, со јасни правила, одговорност и вистинско партнерство. Ова особено преку потребата од засилена координација меѓу централната и локалната власт.

Како дел од договорените чекори, било најавено отворање канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп со цел подобар надзор, зголемена транспарентност и поголема доверба.

За средбата, градоначалникот Проданоски информираше на Фејсбук:

Би можело да ве интересира

Прилепските детски градинки добија нови прочистувачи на воздух

Над 15тина села од Долнени утре (среда) ќе останат без струја

Пела Редакција

(ВИДЕО)Филигрански записи од Прилеп – спој на природно наследство, традиција, култура и занаетчиство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе