26.9 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

За еден месец трошоците за живот пораснале за 1.000 денари покажува синдикалната кошничка

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во однос на јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денари, што претставува зголемување од 969 денари во споредба со јануари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната синдикална кошница се искачува на 82.757 денари.

Зголемување од речиси илјада денари има и кај трошоците за храна. Во јануари за основни намирници биле потребни 24.211 денари, додека во февруари сумата се зголеми на 25.156 денари.

Според ССМ за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата за март е веќе „изедено“ од растот на синдикалната кошница.

Би можело да ве интересира

На кои тел. броеви граѓаните во Крушево можат да бараат помош?

Кој ќе го пресече „гордиевиот јазол“ во Еурокомпозит?!

Jапонскиот амбасадор во посета на Витаминка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе