18.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Одличен викенд на ППК Младост 96 на домашна сцена

Пингпонгарскиот клуб Младост 96 од Прилеп имаше исклучително успешен викенд на домашната сцена.Во саботата, на Мастерс турнирот за млади до 19 години што се одржа во Крива Паланка, во женска конкуренција доминираа членките на Младост 96. Софија Хасану го освои првото место, додека нејзината клупска колешка Фани Јованоска се пласираше на второто место, со што клубот освои двојна победа на турнирот.Успесите продолжија и  со почетокот на пролетниот дел од Првенството на Македонија. Екипата на Младост 96 се соочи со ППК Радовиш и забележа убедлива победа од 4:0.Две победи за прилепскиот тим извојува српскиот интернационалец Борчиќ, додека по една победа запишаа Нико Доага и повратникот во тимот од САД, Петар Костовски.Со овој одличен старт на пролетниот дел од сезоната, Младост 96 уште еднаш потврдува дека е еден од најуспешните и најперспективните пингпонгарски клубови во Македонија.Следниот  викенд се играат натпреварите од 11 и 12 коло каде ППК Младост96 се среќава со Вардар и 1060 АС Ѓорче Петров.Исто така наредниот викенд започнуваат и првенствата во Првата женска лига,и Втората лига-мажи. Младост96 беше есенски првак и во женската прва лига,и во втората лига, каде играат младинците на клубот .

Би можело да ве интересира

За првата жена тренер на машка фудбалска екипа

БК АС : Професионализам , позитивна атмосфера , успеси.. – Прилеп не треба да се грижи за иднината во овој спорт (ВИДЕО + ФОТО)

(Видео голови) ПОБЕДА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ ОД ПРВЕНСТВОТО

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе