28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола

Во Градската библиотека Борка Талески денеска се одржа Јавна расправа иницирана од Министерството за животна средина  и просторно планирање, на која беше презентирана изготвената Студија за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот:  “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“.

На јавната расправа учествуваа граѓани, невладини организации и граѓански еко активисти од Спас за Прилеп, како и жители на селото Оревоец кои ги пренесоа дел од забелешките по однос на влијанието на животната средина од проектот.

Студијата за влијанието врз животната средина од „Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“ , по барање на инвеститорот во проектот – Јавното претпријатие за државни патиша е изготвена од Градежниот институт Македонија и била доставена до општините Битола, Прилеп, Могила и Новаци.

Јавна расправа на истата тема ќе се одржи на  12 март 2026 година (четврток), во салата на Советот на општина Битола со почеток во 12.00 часот.

Ваквата јавна расправа е законска обврска на Министерството за животна средина и просторно планирање во засегнатите подрачја каде се спроведува проектот по добивањето на решение за почеток на проектот – изградба на автопатско решение на Прилеп- Битола за изготвување на студија како проектот влијае на животната средина.

По завршувањето на презентацијата јавната расправа денеска граѓаните своите забелешки ги доставија до претставниците од Министерството за животна средина и до Градежниот институт Македонија, а можат и дополнително да достават коментари и забелешки на следниот меил: [email protected].

Студијата за влијанието врз животната средина за изградба на Коридор 10 д, делница на Автопат: Прилеп – Битола е достапна на следниот линк 

Би можело да ве интересира

Новаци: Регионален центар за подршка на слепи лица и лица со попреченост во видот

Почина легендарниот Војче Китаноски хуморист, сатиричар, имитатор

(РОДЕНДЕН) Гинеколошката ординација ПЗУ „ГИНЕКО БЕЛА“  слави ЕДНА ГОДИНА постоење, а веќе прерасна во модерен центар за грижа за женско здравје во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе