18.3 C
Прилеп
недела, 14 јуни, 2026
Пела Радио

Нов безбеден кров на училишната спортска сала при ООУ „Климент Охридски„ – Прилеп

Спорската сала на ООУ Климент Охридски – Прилеп доби нов кров. Реконстуркцијата е реализирана со финаисика помош на Министерството за образование и наука, кое ја препозна важноста на овој објект што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето во делот на физиката наобразба на учениците. Проектот беше дел од програма на министерство за реконструкција на спортски училишни сали и чини 3.800.000 денари.
Она што до вчера беше само план, денес е реалност – нашата сала има нов, модерен и безбеден кров!“, напиша во својата објава директорот на ова прилепско училиште, Ахил Јаков.
Училиштето се заблагодари за континуираната поддршка и ја потенцираше важноста на соработката меѓу институциите, која, како што беше истакнато, ќе продолжи и во иднина.
Но, овој проект немаше да биде комплетен без силното партнерство со нашата локална самоуправа. Искрена благодарност до Општина Прилеп и градоначалникот, кои безрезервно застанаа зад нашето училиште, овозможувајќи ООУ „Климент Охридски“ да добие современ простор со кој ќе поминуваат генерации генерации спортисти.“ напиша директорот на ООУ Климент Охридски, Ахил Јаков на својат ФБ страна.

Би можело да ве интересира

Во духот на Велегден – панаѓур во ООУ Климент Охридски Прилеп

Палачинкијада: слатко задоволство за сите, а признанија за првенците на генерацијата

За 1 година се затворени 14 училишта, се намалува бројот на ученици во Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе