24.5 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20 тина ученици  од сите профили од училиштето.

Со многу имагинација, вештини и креативност редизајнираа и изработија уникатни модни парчиња кои испраќаат порака за одржливост, иновативност, љубов и грижа кон природата и животната средина. Ментори на учесниците на модната ревија беа: професорката по ликовна уметност Марта Макеска и професорките по стручни текстилни предмети Здравка Најдоска и Наташа Мирческа. Настанот беше поддржан од Општина Прилеп и повеќе прилепски компании кои ја препознаа иновативноста и креативноста на учениците и нивните ментори.

Модната ревија Trash Fashion во СОУ Ѓорче Петров се одржува традиционално повеќе од 10 години.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Прилеп – патот меѓу Прилеп и Битола е целосно во прекин

Пела Редакција

Полицијата приведе двајца затекнати во незаконски лов во долненско

Пела Редакција

Општина Прилеп ги повикува даночните обврзници да си ги подмират даночните обврски за 2024

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе