11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Да престане врсничкото насилство !!!

Радио Пела е дел од медиумите кои се вмрежени да помогнат во надминување на врсничкото насилство преку другаризација како начин на живот. Централниот настан од кампањата „Другаризација“се одржа во Македонскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во организација на Центарот за Поттик на Креативни Потфати (ЦПКП). “Колку врсничкото насилство претставува проблем во вашата работа, училиште и воопшто во македонскиот воспитно-образовен процес?“; „Од каде потребата за врсничко насилство кај децата и младите?“; „Како да се спречи, препознае и сузбие врсничкото насилство?“; и многу други прашања беа поставени на „Другаризација“ со цел да се најдат одговорите и да се помогне околу сузбивање на врсничкото насилство.

За одговорите на овие дилеми се погрижија многу голем број на соработници, партнери и експерти. Нивната цел беше да ги запознаат сите симптомите на врсничкото насилство и како тоа да се покори. На настанот учествуваа Вида Гаврилоска и Александра Петровска од „Институтот за Брак, Семејство, и Системска Пракса АЛТЕРНАТИВА“, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми, Боба Хаџи Христова и Викторија Коцевска (ХЕСЕД), Кристина Арнаудова (Проект Среќа), Павле Костадинов (Здружени Сите Заедно), Искра Донева, Никола Галевски (ЦПКП) и многу други. Тие, заедно со организаторите ги пофалија, и им се заблагодарија на младата актерка Изабела Пан, и на младите македонски YouTube-ри Никола Art House, 100Јан, Cika Thunder, Slick, Bambo, Lordofails, Ib Production, Marta Devilish и Боби BeatBox. Нивните видеа беа емитувани за време на настанот. Без нив и организациите како „Здружение на Млади Правници“, „Проект Среќа“, младинската организација „Поема“, Здружение на граѓани „Хесед“, „Евангелско Протестантската Иницијатива“, Здружение на граѓани „Здружени Сите Заедно“, хуманитарна организација „АГАПЕ“, „Искра“, Институт за Брак Семејство и Системска Пракса „Алтернатива“ и други „Другаризација“ немаше да го оствари стручните панели.

Воедно, без поддршката од Портрет, Нова Македонија, Вечер, Актуелно, Црно Бело, Радио Кочани, еМагазин, Вработување, 24Инфо, Радио Пела, Канал 77 и другите медиуми дебатата за овој општествен проблем немаше да допре до јавноста.

За големи општествени промени се потребни клучните актери. „Другаризација“ ја имаше можноста да соработува со едни од најдобрите. Заедно со нив повикува на другаризација како начин на живот, а не моментално решение на проблемот со врсничко насилство.

Би можело да ве интересира

Денешниот ден Спасовден се смета за најсреќниот ден во годината

Елизабета Филипоска

Кога ластовиците се селат на југ

Елизабета Филипоска

Петти ден се трага по исчезнато лице од Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе