3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

❗Никодим од Прилеп има потреба од помош за итна операција

Малиот Никодим од Прилеп има потреба од помош за итна операција, информацијата ја споделија неговите родители:  
„Ние како родители сме во ШОК што му се случува на нашиот Никодим и се уште не можеме да веруваме дека нашето мало детенце кое има само 3,5 години има ТУМУР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ВЕДНАШ ПОД ИТНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОПЕРИРА. НАШЕТО ДЕТЕ МОРА ПОД ИТНО ДА ЗАМИНЕ ВО Р.ТУРЦИЈА НА ОПЕРАЦИЈА НА ГЛАВАТА.
Здраво добри луѓе со добри срца!
Се викам Сандра мајка на Никодим кој има 3,5 години. Јас и мојот сопруг немавме 8 години деца и имавме голема голгота во животот. И конечно пред 3,5 години бевме најсреќните родители на светот затоа што на свет ни дојде НАШИОТ ДАР ОД БОГА ова прекрасно момче најубаво на цел свет кој се вика Никодим. За нас немаше поголема среќа од тоа затоа што конечно после 8 години станавме родители, ни се исполни најголемата желба на светот го имаме Никодим.
Кога мислевме дека среќата е целосно на наша страна уживавме во сите моменти со Никодим, Никодим почна да се жали на ретки главоболки и повремено повраќање. Ние како родители мислевме дека е мало дете од 3 и пол години и му се присторува, но приметивме дека кога стои почнуваат да му се тресат рацете и нозете. Едноставно видовме промена кај нашето дете за неколку дена. ВЕДНАШ се обративме кај невролог кој по кажаните симптоми веднаш не испрати на Магнетна резонанса која ја направивме и од резултатот кој го добивме сме тотално во ШОК.🥹
Докторот ни кажа дека нашиот Никодин има ИНФИЛТРАТИВНА ТУМУРСКА МАСА СО ДИМЕНЗИИ ОКОЛУ 52x46x43 и има изразен хифроцефалус.🥹
Ние како родители сме во ШОК што му се случува на нашиот Никодим и се уште неможеме да веруваме дека нашето мало детенце кое има само 3,5 години има ТУМУР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ВЕДНАШ ПОД ИТНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОПЕРИРА. НАШЕТО ДЕТЕ МОРА ПОД ИТНО ДА ЗАМИНЕ ВО Р.ТУРЦИЈА НА ОПЕРАЦИЈА НА ГЛАВАТА.
Ние како родители не сме моќни финансиски да ги платиме тие операции за нашето дете кое мораме да си го спасиме НАШИОТ ДАР ОД БОГА НАШИОТ НИКОДИМ. Затоа ве замолуваме сите вас познати и непознати да ни помогнете да си го спасиме нашето мало дете, НАШИОТ 3,5 годишен НИКОДИМ. ВЕ МОЛИМЕ КОЈ КОЛКУ МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ, ДА СПОДЕЛИТЕ МНОГУ ЌЕ НИ ПОМОГНЕТЕ Секој кој би бил на наше место би молел за помош, ПОМОГНЕТЕ НИ, НЕ НЕ ОСТАВАЈТЕ САМИ ВО ОВАА БИТКА КОЈА ЗА НАС Е ПРЕТЕШКА ДОНИРАЈТЕ, СПОДЕЛЕТЕ СЕ РАБОТИ ЗА ЖИВОТОТ НА НАШИОТ НИКОДИМ
🌐 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

Би можело да ве интересира

Прилеп: нема новозаразени со Ковид 19, во изолација 77 лица

Гордана Цветаноска

На Селечка на помош авиони за гаснење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Елизабета Филипоска

Ново поскапување на горивата!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе