20.8 C
Прилеп
петок, 12 јуни, 2026
Пела Радио

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пет награди за претставата „ЦРНИЛА“ на прилепскиот театар

Снежана Коневска Руси

Познати добитниците на наградите од 60-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Со најголем број награди, вкупно 5, се закити прилепскиот театар НТ „Војдан Чернодрински“: Награда за костимографија – Марија Пупучевска; Награда за сценографија – Валентин Светозарев; Награда за млада актерка – Сара Спиркоска; Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ – Димитар Ѓоргиевски и награда за режија – Дејан Пројковски.

Наградите на најдобрите ќе им бидат доделени вечер од 19 часот кога е затворањето на Фестивалот. Во чест на наградените Београдско драмско позориште ќе ја изведе претставата „Црно злато“ по текст на Дејан Дуковски кој годинава на фестивалот беше автор во фокусот.

Жирито на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во состав Снежана Коневска – Руси, Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ донесе одлука наградите на ова фестивалско издание да припаднат на:

  1. Награда за рекламен материјал – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
  2. Награда за кореографија и сценски движења – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
  3. Награда за музика „Филип Стевановски“ – Ирена Поповиќ – Драговиќ за „Страв и Надеж“ на Македонски народен театар
  4. Награда за костимографија – Марија Пупучевска за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
  5. Награда за сценографија – Валентин Светозарев за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
  6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
  7. Награда за современ драмски текст – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
  8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ – Јеткаин Сезаир за улогата во „Амадеус“ на НУ Турски театар
  9. Награда за млада актерка – Сара Спиркоска за улогата во „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
  10. Награда за женска епизодна улога – Билјана Драгичевиќ – Пројковска за улогата во „Мачкина глава“ на Драмски театар.
  11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ – Александар Степанулески за улогата во „Мачкина глава“ на Драмски театар.
  12. Награда за главна женска улога – Слаѓана Вујошевиќ за улогата во „Амадеус“ на НУ Турски театар
  13. Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ – Димитар Ѓоргиевски за улогата во „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
  14. Награда за режија – Дејан Пројковски за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
  15. Награда за уметничко остварување на претстава во целина – „Страв и Надеж“ на Македонски народен театар

Интернационалното жири изборот го направија од претставите: „Мачкина глава на Драмски театар, „Црнила“ на прилепскиот, „Калигула“ на кумановскиот театар, „Челинџ“ на Театарот за деца и младинци, „Случајна смрт на еден анархист“ на штипскиот театар, претставата  Амадеус“ на турски, „Носорози“ на албански театар, „Страв и надеж на МНТ и „Едмонд“ на битолскиот театар.

Би можело да ве интересира

МВР апелира на претпазливост во комуникацијата со непознати лица!

Прилеп во чест на празникот

Гори Маркукуле

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе