Казнено-поправниот дом Прилеп успешно ја реализираше и овогодинешната жетва на јачмен, засеан на вкупна површина од 180 декари.


Во реализацијата на земјоделските активности активно беа вклучени и поголем број осудени лица, како дел од програмите за нивно работно ангажирање и ресоцијализација.

Од овогодинешната реколта е остварен вкупен принос од околу 34.000 килограми јачмен, кој во целост ќе биде искористен за сопствени потреби на установата, односно како добиточна храна за фармата во рамките на КПД Прилеп.

Со ваквите активности, КПД Прилеп продолжува да ги унапредува програмите за ресоцијализација преку работно ангажирање на осудените лица, истовремено зајакнувајќи го сопственото производство, рационалното користење на ресурсите и економската самоодржливост на установата.

