Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво Фестивалот во Прилеп, давајќи поддршка на една од најзначајните туристички и забавни манифестации во државата.

На првата фестивалска вечер, на која се точеше ладно пиво и се нудеше прилепска скара, премиерот беше во друштво на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, прилепските пратеници, новоизбраниот претседателот на ОК на ВМРО – Прилеп, заменик министри, и прилепските бизнисмени, вклучително и домаќинот на една од најголемите пивници “Прилепска Пиварница“, Сашо Самарџиоски.
Инаку, вечерва илјадници посетители од земјата и странство уживаа во богатата музичка програма и фестивалската атмосфера, со што Прилеп уште еднаш ја потврди својата улога како град – домаќин на еден од најпосетените летни настани.
Пиво Фестивалот и оваа година ги обедини граѓаните, гостите и институциите околу заедничката,а поддршката од највисоките државни претставници дополнително ја нагласува важноста на фестивалот и неговиот придонес во развојот на локалната заедница.
“Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија“, напиша Мицкоски на својот ФБ профил
Тој истакна дека ваквите манифестации претставуваат потврда за значењето на заедништвото, непосредната комуникација со граѓаните и поддршката на локалните настани, кои, како што наведе, се важен дел од животот на секоја заедница.

