28.3 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Од 0 до Култура: вечерва, The Doctors во чест на Мајл Џексон

Во рамките на проектот денеска, четврток 23 јули во 21.00 ч на Камена бина во Прилеп ќе настапат
The Doctors во чест на Мајкл Џексон (Michael Jackson).
Прилепскиот рок-фанк бенд The Doctors е формиран на крајот од 2022 година., составен е од 5 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара, Марко Стојаноски на соло гитара и Мирослав Миленкоски на саксафон.
Добро познати на локалната сцена и пошироко со настапи во Прилеп, Битола и Скопје, бендот The Doctors изведува англиски рок, фанк и поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани и авторски песни, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок, фанк и поп музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.
Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток ќе свират трибјут на еден од најмаркантните и најпрепознатливите имиња на светската сцена – MICHAEL JACKSON!

Би можело да ве интересира

Со огномет Прилеп го започна чествувањето на 11-ти Октомври

Кој не беше зажали – кој беше доаѓа и идната година на SAMOKOV XTREME во Порече

Пела Редакција

Од утре изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе