28.2 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Водата од градскиот водовод во Крушево има бактерии – не е безбедна за пиење!

За жителите на Крушево важно известување од Центарот за јавно здравје – Прилеп: водата од градскиот водовод во моментов не е безбедна за пиење, откако при редовната контрола на квалитетот било утврдено отсуство на резидуален хлор и присуство на бактерии од цревно потекло.

Од ЦЈЗ – Прилеп информираат дека за состојбата веднаш биле известени надлежните државни институции, како и раководството на Јавното комунално претпријатие „Комуна“ – Крушево кое што на својата ФБ страна објави за состојбата во соопштение:

„ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека водата од Градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути. Исто така ЈП Комуна Крушево ве информира дека се врши редовно хлорирање на водата и секојдневно се врши контрола на присуството на хлор.
Препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци од водата.
ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги информира жителите на град Крушево.
ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ПРИЛЕП ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД КРУШЕВО ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНA.
Исто така при испитувањето на крајпатните чешми Бензиска пумпа и Св. Петка, земени на 20.07.2026 год. е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење.
Со почит,
ЈП Комуна Крушево“

Поради утврдената бактериолошка неисправност, граѓаните се советуваат за пиење да користат исклучиво флаширана вода. Водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна и миење садови, но само по претходно превривање во траење од најмалку 10 минути.

Препораки ќе останат во сила сè додека не бидат добиени три последователни исправни примероци од водата.

Дополнително, испитувањата извршени на 20 јули 2026 година покажале бактериолошка неисправност и кај крајпатните чешми „Бензинска пумпа“ и „Св. Петка“, поради што и тие не треба да се користат за пиење.

Би можело да ве интересира

Доследно и со почит кон жртвите за слобода Прилеп го одбележа 11-ти Октомври

Прилеп: Четворица починаа, 63 новозаразени

Во Цепенков по повод Светскиот ден на детето ќе се прикажува претставата „Три“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе