31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Годинава доделена парична помош за 374 новороденчиња

Општина Прилеп и годинава доделува еднократна парична помош во висина од 6 000 денари за новороденчиња. Барање за парична помош досега поднесле 374 семејства, кои имале  новороденче, родено во 2025 година на подрачјето на Општина Прилеп. Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски  потпиша нови 130 решенијата за доделување на паричната помош и им честита на семејствата.

„Грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети. Оваа мерка продолжува да ја применуваме и наредната година со цел подобрување на демокрафската слика на Општина Прилеп“, истакна Проданоски.

Паричниот надоместок во изнес од 6.000 денари се доделува за секое новородено дете. Минатата година барање за еднократна парична помош за новороденче, родено во 2024 година, поднеле близу 400 семејства, за што општината од својот општински Буџет издвоила 2.385.000 денари. Станува збор за финансиска поддршка која се доделува во континуитет од 2022 година како поддршка за младите родители и олеснување на трошоците со доаѓањето на новиот член на семејството.

 

 

Би можело да ве интересира

(Видео) За Велигден, празникот со кој се слави воскресението Христово со отец, Дејан Секулоски

Велигденска честитка од градоначалникот на Прилеп

(Видео) Водата во Прилеп е една од здравствено најконтролираните и најбезбедна за пиење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе