23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Предлог за 13 Величествени – Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп – 80 години центар на културна енергија

Предлог на Радио Пела за избор на 13 Величествени за 2025 е Градската библиотека „Борка Талески“  Прилеп – 80 години  центар на културна енергија што го привлекува вниманието на медиумите.Гласајте на ЛИНК  ( маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите и резултатите) КЛИКНЕТЕ  и одберете го Вашиот фаворит)

(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти  Февруари на Светскиот Дент на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)

Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп сè почесто е во фокусот на јавноста и медиумите, благодарение на својата иновативна и ангажирана улога во локалната заедница. Со низа културни, едукативни и општествено одговорни активности, библиотеката се позиционира како повеќе од традиционален простор за читање – таа станува вистински културен хаб.

Во изминатите месеци, библиотеката организираше низа настани кои го привлече вниманието на националните медиуми: од креативни работилници за деца и младинци, преку книжевни вечери со познати автори, до инклузивни програми за ранливи категории, натпревари за поттикнување на  креативноста и самодовербата кај младите . Особено внимание предизвика активностите поврзани со одбележување на 80 години од нејзиното формирање.

Медиумите ја истакнуваат библиотеката како модел за современа културна институција која успешно ги комбинира традицијата и новите технологии. Со дигитализација на дел од книжниот фонд, интерактивни изложби и партнерства со училишта и невладини организации, библиотеката „Борка Талески“ покажува дека библиотеките можат да бидат живи и динамични простори во заедницата.

Во време кога интересот за читање се соочува со предизвици, ваквите иницијативи се од исклучително значење, а градската библиотека не само што ги инспирира своите сограѓани, туку и поставува нови стандарди за улогата на библиотеките во 21-от век.

 

Би можело да ве интересира

Три години Радио Пела во етер (фото од манифестацијата )

Предлог 13 Величествени, Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност

Пела Редакција

Игески: Веселин Тофоски „ме инфицираше“ со спортското новинарство (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе