-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ЧЕСТ НА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЧЕНТО

Денеска се одбележуваат 122 години од раѓањето на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто. По тој повод делгација од Општина Прилеп положи свежо цвеќе и се поклони на спомен облежјето на Методија Андонов Ченто, во центарот на Прилеп.

Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп.  Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост.  Учествувал на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938  година и како кандидат на списокот на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добил најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем. Ченто е македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.  За време на извршување на својата функција, Методија Андонов-Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите.

Но, поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на Демократска Федеративна Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.  Долги години птоа од неговата смрт( 24 јули 1957) , Методија Андонов-Ченто бил табу тема. Дури на 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции, Во чест на Методија Андонов-Ченто се подигнати и неколку споменици во државата, меѓу кои и оној во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Колку ќе чини буџетот за 2018 на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Новогодишен базар кај Градската саат кула во организација на Општина Прилеп и Слоу Фуд

Пела Редакција

Прилеп вечерва пороен дожд и грмежи, најава за слично време и следните денови

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе