Во осмина финалето во елиминационата фаза на футсал турнирот во скопско Кучевиште, општина Чучер Сандево, футсал екипата на Радио Пела изгуби во натпреварот со Профи Арт ( Профи Арт – Радио Пела 4-2) екипата која на годинашниот тунирот го освои 3. место .

Но, футсал екипата на Радио Пела продолжува со летните турнири во мал фудбал. Следен турнир е меморијалниот футсал турнир “ЉУБОМИР РАЈЧЕСКИ РАЈЧЕ“ во с. Глуво, кој оваа година е јубилеен – се организира по 20 ти пат.

Футсал екипата на Радио Пела наовој по трет пат настапува на меморијален турнир во мал фудбал “Љубомир Рајчевски-Рајче„ во с. Глуво, општината Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која, иако општина мала по големина, покажува големо интерес за почитување и одржување на турнирот во мал фудбал, во чест на нивниот сограѓани, истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, Љубомир Рајчевски Рајче.
На годинашното издание на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ ќе учествуваат 28 футсал екипи, кои натпреварите ги започнаат в среда, 22 јули. Поради бројноста на екипите натпреваруваат во мал фудбал ќе се одвиваат до средината на идниот месец. Екипите се поделени во седум групи, а ќе бидат одиграни над 150 натпревари, на отворениот футсал терен под рефлектори со с.Глуво.

За екипата на Радио Пела играат: Теодор Димитровски 2.Кирил Костов 3.Дарко Путески 4.Евгениј Костадинов 5.Михаил Крстевски 6.Стојан Поповски 7.Кристијан Димковски и 8.Боби Трпевски.
Инаку, пред три години екипата на Радио Пела – Прилеп, на 18 издание на турнирот, го освои трето место.
Моријалниот футсал турнир “ЉУБОМИР РАЈЧЕСКИ РАЈЧЕ“ во с. Глуво, е под покровителство на општината Чучер Сандево и граѓаните на село Глуво.

